Почитувани,
Македонското здружение за заштита при работа ( МЗЗПР) во рамките на проектот ““Подобрување на вклученоста и влијанието на граѓанското општество во јавните политики за безбедност и здравје при работа и донесувањето одлуки како подршка на државата во процесите на пристапување кон ЕУ””, со број на договор IPA/2017/391-843 финансиран од Европската Унија објавува:
Oглас за ангажирање на 1 (едно) лице за работна позиција Проектен службеник, со времетраење од 28.5 месеци.
Потребни квалификации:
- Универзитетска диплома (предност имаат насоки во областа на менаџмент и завршени постдипломски или докторски студии);
- Работно искуство во граѓанскиот сектор;
- Одлични менаџерски и координациски способности;
- Работа со строго определени рокови;
- Одлични способности за пишување (извештаи, дописи и сл.)
- Познавање на Македонската регулатива за Безбедноста и здравјето при работа;
- Познавање од областа на Безбедноста и здравјето при работа (предност имаат лица со научно-истражувачки активности во областа)
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Владеење на MS Office;
Заинтересираните кандидати треба да достават писмо за изразување на интерес и кратка биографија најдоцна до 10/01/2018 на e-mail: kontakt@mzzpr.org.mk или во архивата на МЗЗПР на Ул.Востаничка 2/7 1000 Скопје
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.
Ненавремена, нецелосна, некомплетна пријава и документација нема да биде разгледана.
Со почит,
Македонско здружение за заштита при работа
Views: 99