“Македонско здружение за заштита при работа” во рамките на проектот “Подобрување на вклученоста и влијанието на граѓанското општество во јавните политики за безбедност и здравје при работа и при донесувањето одлуки како подршка на државата во процесите на пристапување кон ЕУ” објавува повик за ангажирање на консултанти за подготовка на анализа на институционалните капацитети и обезбедување на консултативна поддршка за 6 локални граѓански организации.
Процедура за аплицирање и потребните критериуми се назначени во повикот и описот за на работна задача. Уредно пополнетата документација да се достави најдоцна до 16:00 часот на 12.01.2018 година.
Ненавремена, нецелосна и некомплетна документација нема да биде разгледана.
Со почит,
Македонско здружение за заштита при работа
Проект “Подобрување на вклученоста и влијанието на граѓанското општество во јавните политики за безбедност и здравје при работа и при донесувањето одлуки како подршка на државата во процесите на пристапување кон ЕУ”
Views: 136