Повик за учество во изборот за доделување на Национална награда за добра пракса на БЗР 2017

Националниот совет за безбедност и здравје при работа на Република Македонија и оваа година организира избор за доделување на Национална награда на компанија со најдобра пракса на безбедност и здравје при работа.

Повикот за учество во изборот за доделување на Национална награда за 2017 година трае до 1 април 2018 година до кога е и крајниот рок за пријавување на компаниите. Заинтересираните компании треба да го пополнат ова БАРАЊЕ за аплицирање.

Наградата и оваа година ќе се додели во три категории:

  • мали компании (до 50 вработени)
  • средни компании (до 250 вработени)и
  • големи компании (над 250 вработени)

Изборот ќе биде направен од страна на независна комисија составена од експерти во областа.

Пополнетите апликации треба да се достават до определениот рок на следните e-mail адреси: jasmina.chaloska@mf.edu.mk  и ddocinski@mtsp.gov.mk .

Свеченото доделување на годишните награди ќе се одржи во рамки на одбележувањето на „Светскиот ден за безбедност и здравје при работа 28 април“.

Views: 84

Posted in Новости.