Вчера во 14:30 часот во ПС Карпош од Итна медицинска помош е пријавено дека во Скопје на улица „Љубљанска“, во објект во изградба имало починато лице.
Излезено е на местото на настанот при што е констатирано дека се работи за В.Ц.(29) од село Кошари, Крива Паланка, вработен во фирмата која изведувала градежни работи на објектот.
Починатиот при изведување на градежни работи во објект во изградба додека ја командувал дигалката од 5-ти кон 1-ви кат се здобил со струен удар и починал.
Телото на починатиот е предадено на обдукција.
Views: 97