Четириесетгодишен возач од Македонија добил сериозни повреди и завршил во болница во германскиот град Нордхаузен по тешка сообраќајна несреќа со својот камион вчера попладне на автопатот А38 меѓу Херинген и Берга во правец кон Лајпциг.
Камионот со кочански регистарски таблички, натоварен со буриња со течен лепак, излетал од коловозот, се првртел настрана и се запалил, а лепакот се разлеал по коловозот.
Огнот ја зафатил и сувата трева покрај автопатот, а во неговото гасење заедно со запалениот камион учествувале противпожарни возила и два хеликоптера. Облакот од чад бил видлив километри подалеку од местото на несреќата.
Извор: http://www.sudstvo.mk
Views: 92