Во 09,00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на крстосницата од улица „Благој Стефковски“ и улица “Методија Андонов Ченто“ кај место викано “Триангла“ противпожарно товарно возило „ФАП“ сопственост на град Скопје, а управувано од 56-годишниот Б.В. од Скопје се превртело.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Б.В. и сопатникот Љ.С.(59) а со телесни повреди се здобил сопатникот С.А.(56) сите вработени во Бригадата за противпожарна заштита Скопје.
Повредените со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде по укажаната лекарска помош, Б.В. и Љ.С. биле задржани на понатамошно лекување, а С.А. бил пуштен на домашно лекување.
Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.
Views: 132