Од градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во МВР е пријавено дека кај нив бил донесен 28-годишниот Г.П. од Агино Село, кумановско, вработен во приватна фирма.
Додека вршел поправки на лифт во комплекс згради на булеварот Србија, лифтот ненадејно тргнал и му нанел повреди на главата. Од страна на лекар, кај Г.П. биле констатирани тешки телесни повреди.
За настанот бил известен трудов инспектор. Се работи на расчистување на случајот
Views: 101