Eфекти од алкохолот врз извршувањето на работните задачи

Eфекти од алкохолот врз извршувањето на работните задачи

Според направените истражувања за извршување на работните задачи под дејство на алкохол, добиени се резултати кои индицираат дека психомоторната изведба е помалку намалена во однос на перцептивната.

Нивото на појава на грешки е значително зголемено, како што се зголемува количеството на алкохол во крвта. Кај производствените работни задачи, продуктивноста е редуцирана за 50 % на 0,09 промили алкохол во крвта. Исто така, детерминирани се штетните ефекти врз квалитетот и квантитетот при извршувањето на работните задачи на некои од машините, како и при заварувањето. Иако, различни индивидуи, различно реагираат на различни количини на алкохол, сепак негативниот ефект кој го има алкохолот е повеќе од докажан.[1]

Консумирањето на алкохол во вечерните часови може да резултира со висока концентрација на алкохол во крвотокот која што ќе доведе до ефекти на “мамурлак” за време на работата во текот следниот ден. Може да резултира со главоболки, зашеметеност, гадење и повраќање, како и раздразливост, проблеми со концентрирање и замор; овие ефекти можат да влијаат врз способноста за работа, присуството на работа и перформансите и односите со соработниците.

Исто така, негативни ефекти се:

  • Небезбедно справување  со ризиците кои може да доведат до повреда и / или смрт, особено во професии кои вклучуваат тешка машинерија или возење,
  • Пониска продуктивност на работното место поради отсуство од работа и понизок квалитет и квантитет на работа поради лошото одлучување.
  • Tрошоци поради: надоместоци и обврски на работодавачот; губење на вештини и вработени; и поврзаните трошоци за замена и обука на нови вработени.

Следењето на употребата на алкохол поврзано со работата и нејзините ефекти врз безбедноста, здравјето и однесувањето на работното место е одговорност на секого;

Сите работодавачи и вработени имаат безбедносни и здравствени одговорности и обврски во однос на работното место;

Вработените имаат обврска да преземат разумна грижа за својата безбедност и здравје и да не ја загрозуваат безбедноста и здравјето на другите на работното место;

Нема дилеми дека на ниедно работно место не е дозволено консумирање алкохол.

Според тоа, работниците под влијание на алкохол или дроги можат да бидат суспендирани од работа или, во некои случаи/земји, отпуштени. Останатите пристапи можат да се сметаат како „превентивни“. Овде, употребата на алкохол/дроги на работното место (или во текот на работното време) е регулирана со законите за здравје и безбедност коишто се справуваат со потенцијалните ризици за корисниците и нивните колеги. Општо земено, тие закони ги сметаат работодавачите одговорни што  не ја спречуваат употребата на алкохол/дроги на работното место и бараат од нив да направат процена на ризиците и да спроведат превентивни мерки.

Во некои земји, како што се Белгија, Данска и Германија, со колективните договори се регулира употребата на алкохол/дрога на работното место.

Многу земји имаат специјални прописи за употребата на алкохол/дрога во чувствителните сектори и занимања, како што се транспорт, градежништво, здравство и образование, каде злоупотребата на алкохол/дрога може да биде особено опасна и да има многу негативни последици.

Тестирањето за алкохол и дрога на работното место е контроверзна тема во многу европски земји и постојат важни разлики во националните прописи за практиките за тестирање.

Размислувањата од аспект на здравјето и безбедноста се во полза на ваквите тестови, особено во активностите и работните места што се чувствителни во однос на безбедноста[2]

 

[1] Р. Поленаковиќ; J.Чалоска; Б.Наумовска-„Ергономија“, октомври, 2012 година

[2] https://www.eurofound.europa.eu/sites/default/files/ef_files/pubdocs/2012/231/mk/1/EF12231MK.pdf

Views: 669

Posted in Новости.