На Ургентното одделение во гостиварската Општа болница „Ферид Мурат“ вчера околу 17:30 часот бил донесен 42-годишниот Р.Ш. од Долна Бањица, кој паднал од покрив на куќа во околното село Балиндол и задобил тешки телесни повреди ( скршеница на лев колк), информираат од СВР Тетово.
Повредениот ги заменувал ќерамиидите на покривот, загубил рамнотежа, се лизнал и паднал во дворот пред куќата од височина од околу 7 метри.
По укажаната лекарска помош, со медицинско возило итно е префрлен и задржан на скопските клиники.
Извршен е комплетен увид и се расветлуваат сите поединости поврзани со овој случај.
Views: 164