Како што информира полицијата, вчера во полициската станица во Кочани од страна на Итната медицинска помош е пријавено дека околу 11.45 часот Д.К.(36) од Кочани додека извршувал работни задачи во печатница, се здобил со тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршиле екипа од ПС Кочани и трудов инспектор. Се работи на расчистување на случајот.
Views: 69