Младо момче од Штип било зафатено од струен удар додека било на работа.
Во полициската станица во Штип вчера било пријавено дека во Клиничката Болница Штип бил донесен 18-годишниот С.Ј.(18) од село Парналија, Општина Карбинци кој истиот ден околу 22:45 часот додека бил на работа во фабрика во индустриската зона ,,Македонка,, во Штип , во близина на работната машина во мрежата за напојување со струја бил зафатен од струен удар. На С.Ј. му била укажана лекарска помош во Клиничка Болница-Штип.
Views: 122