Повреден рудар во пробиштипскиот рудник „Булмак“

Повреден е 56 годишен рудар во рудникот за олово и цинк „Булмак“ во Пробиштип. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека несреќата се случила рано утринава, а во Полициската станица во Пробиштип е пријавена во 2.55 часот.

– Во Итната медицинска помош во Пробиштип бил донесен рударот Б.Б од село Злетово, пробиштипско, кој се здобил со повреди при работа во рудникот „Булмак“ во Пробиштип и истиот е хоспитализиран во штипската Клиничка болница, вели Панајотова.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска вели дека повредениот рудар е хоспитализиран на ортопедија и според лекарите се здобил со лесни телесни повреди нагмечување во предлот на карлицата. Во текот на денот увид на местото на настанот треба да извршат јавен обвинител и државен рударски инспектор.

https://vecer.mk/node/4299

Views: 175

Posted in Несреќи при работа.