Од комплексот клиники „Мајка Тереза“ во вечерните часови на 26 февруари во полиција било пријавено дека кај нив со тешки повреди е донесен 23-годишен жител на струмичкото село Муртино.
Според пријавата, истиот ден околу 15 часот, 23-годишникот, управувајќи трактор во атарот на селото, удрил во земјен брег и паднал.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот
Views: 128