Вчера околу 20:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат од село Бујковци кон село Миладиновци, скопско, непознат сторител се обидел да изврши разбојништво над С.С., вработен во бензинска пумпа и испукал куршум во него, по што побегнал.
На С.С. му е констатирана телесна повреда во болницата „Свети Наум Охридски“, а во врска со случајот приведено е едно лице.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Hits: 125