Во организација на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на Република Македонија – СГИП, на 8-ми и 9-ти Јуни 2019 година, успешно беше реализирана обука за претставници на СГИП за Зајакнување на капацитетите на организацијата во правец на подобрување на актите на СГИП за Безбедност и здравје при работа.
Oбуката беше реализирана во рамки на проект преку подгрантова шема на Македонското здружение за заштита при работа.
Целта беше преку едукација на членови на органите на СГИП да се зајакнат капацитетите на самата организација како и да се согледаат Актите поврзани со Безбедност и здравје при работа согласно Европските прописи и регулативи. Воедно да се подигне и свеста на вработените со цел поголема грижа за здравјето при работа како и да помагаат на колегите во својот делокруг на работа. Се реализираше обука и запознавање на учесниците со усогласените акти на СГИП за БЗР изготвени врз основа на претходните активности од овој проект. Претставниците од органите и телата на СГИП се запознаа со изменетите Акти на СГИП кои ја регулираат областа Безбедност и здравје при работа и начинот на кој треба да ги применуваат истите во наредниот период.
Согласно Агендата за семинарот беа опфатени следните теми: Улогата на младите во синдикалниот активизам и системот на Безбедност и здравје при работа, Добри пракси за улогата на Синдикатот во областа Безбедност и здравје при работа, Презентација на Актите на СГИП за Безбедност и здравје при работа усогласени со ЕУ стандардите.
На обуката присуствуваа 36 учесници, од кои во наредниот период се очекува да ја зајакнат организацијата особено во делот за безбедност и здравје при работа со примена на изменетите Акти.
СГИП со крајна цел се стреми да постигне намалување на повредите при работа односно обезбедување здраво и безбедно работно место на членовите на синдикатот. Активноста на овие учесници треба да допринесе да се подигне свеста кај сите вработените во компаниите од секторот градежништво и индустријата за градежни материјали. Исто така, да се мотивираат сите членови на СГИП да се грижат за себе и другите околу себе преку заедничка соработка и едукација.
Views: 277