
Градежен работник додека бил на работно место, паднал од скеле во Гостивар и се повредил.
-Вчера околу 11.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека, додека изведувал градежни работи во објект на ул.„Ленинградска“ во Гостивар, С.Д.(45) од с.Мало Турчане, гостиварско, паднал од скеле и се повредил. Тој бил пренесен во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“, каде му била укажана лекарска помош- соопшти МВР.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гостивар.
Views: 104