На 13.12.2019 во 00.12 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ бил донесен Г.С.(25) од Скопје, кој се повредил во пределот на десната нога додека извршувал работни задачи како вработен во маркет во трговски центар на бул.„Јане Сандански“.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и за настанот е известен трудов инспектор. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
https://www.libertas.mk/povreden-rabotnik-vo-market-vo-trgovski-czentar-na-bul-%D1%98ane-sandanski/
Views: 141