Градежен работник тешко повреден , пренесен на Клиника

Се повреди работник извршувајќи си ја работата. Имено, вчера во 14.33 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники ‘’Мајка Тереза’’бил донесен тешко повреден работик.

Според информациите во полицискиот билтен, се работи за 34-годишниот Н.К. од Петровец, скопско, кој се повредил додека си ги извршувал работните задачи на објект во изградба на бул.’’Јане Сaндански’’.

Полицијата извршила увид на местото на несреќата. За истата бил запознаен инспектор на Трудова инспекција и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ЛИНК

Views: 145

Posted in Несреќи при работа.