Вчера во 13 часот во Полициската станица Пробиштип, С.Т.(27) од Пробиштип пријавил дека при изведување градежни работи во фабрика во Пробиштип бил повреден М.С.(63) од селото Злетово и од здобиените повреди починал. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција, информира полицијата.
Views: 136