Инцидент на градилиште во Скопје: Работник тешко повреден од багер

Вчеравечер во 19.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с. Сопиште, скопско, додека П.А. (30) од с. Ракотинци, скопско, управувал работна машина-багер, со скопски регистарски ознаки, машината се излизгала од коловозот и го повредила Т.А. од с. Сопиште, скопско.

Во незгодата тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза”. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

ИЗВОР

Hits: 5

Posted in Несреќи при работа.