Пукање во Ѓорче Петров, повреден полицаец

Полициски службеник е застрелан во населбата Ѓорче Петров на кружниот тек, кај црквата Св. Петар и Павле околу 16:40 часот. Полицаецот се здобил со полесни повреди на ногата и е надвор од животна опасност, информира Министерството за внатрешни работи.   -Засега е познато дека полицаецот З.Р. се наоѓал во автомобил „Мерцедес“, додека напаѓачите од возило „Голф“ го застрелале и избегале од местото на настанот. Повредениот полицаец имал прострелна рана во ногата и сам се упатил  кон ГОБ „ 8-ми Септември“, каде му е укажана медицинска помош, соопшти МВР Полицијата работи на расчистување на случајот.

ЛИНК Опсервер: Пукање во Ѓорче Петров, повреден полицаец | opserver.mk

Hits: 6

Posted in Несреќи при работа.