Работник е тешко повреден откако паднал од скеле додека извршувал градежни активности на станбен објект, соопшти денеска СВР Куманово.
– Вчера во 13:05 часот во СВР Куманово било пријавено дека околу 12:30 часот во населбата „Ајдучка чешма“ И.Н.(62) при извршување градежни работи на станбен објект паднал од скеле и здобил тешки телесни повреди, констатирани во општа болница Куманово, соопшти СВР.
Кумановската полиција извршила увид на местото на настанот.
Views: 36