Се превртел трактор со дрва, возачот тешко повреден

51-годишниот И.А. од крушевското село Саздово бил тешко повреден вчера во Бунец, Маврово, кога, управувајќи трактор со дрва во Бунец на Маврово, изгубил контрола и се превртел.

Повредениот бил пренесен во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад” каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.

На местото на незгодата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

ИЗВОР

Hits: 0

Posted in Несреќи при работа.