Еден полициски службеник бил повреден со остар предмет од затвореник во затворот Идризово додека ги извршувал службените задачи, информира МВР.
Како што дообјаснуваат од МВР, пред два дена, односно на 23.06.2021 во 22.10 часот во Полициската станица Гази Баба, командир во Казнено – поправната установа Идризово пријавил дека при извршување службени задачи еден службеник во затворот бил повреден со остар предмет од еден затвореник.
Според пријавеното, тој ден командирот издал наредба на колегите од затворската полиција да извршат претрес во една од собите во амбулантното одделение и кога пристигнале во ходникот имало повеќе осудени лица со разни тврди и остри предмети во рацете.
Притоа еден од нивните колеги бил повреден со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, известува Министерството за внатрешни работи.
Views: 26