Камион излета од патот Охрид – Кичево, возачот тешко повреден

Четириесет и шестгодишен скопјанец е тешко повреден кога со камион излетал од патот Охрид – Кичево.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера кога во близина на селото Требеништа кога камион „ивеко“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д. П. (46) од Скопје, излетал од патот.

Возачот е пренесен во болницата „Св. Еразмо“, каде што му се констатирани тешки телесни повреди.

ЛИНК

Views: 23

Posted in Несреќи при работа.