Ергономијата претставува наука која ги опфаќа биолошката антропологија, генетиката, анатомијата, физиологијата, биомеханиката, дизајнот и уште ред други науки и низа научни дисциплини. Како толку опширна и богата наука, многу е тешко за неа да се даде едноставна дефиниција. Сепак, може да се каже дека сите знаења и информации од наведените науки и научни дисциплини ги користи при креирањето работни системи, со кои се овозможува намалување на професионалните болести, заболувања, повреди, а воедно зголемување на безбедноста и олеснуваање на работењето.
Views: 158