Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека вчера во 11.40 часот во Полициската станица Пробиштип, од Итната медицинска помош Пробиштип било пријавено дека кај нив за укажување на лекарска помош бил донесен 22 годишниот И.Ј. од село Соколарци, Општина Чешиново -Облешево, кој се повредил за време на работа во рудник во Пробиштип.
Вториот настан е пријавен во 13.40 часот во Полициската станица Пробишти.
„Од Итната медицинска помош Пробиштип било пријавено дека кај нив за укажување на лекарска помош бил донесен 56 годишниот Б.Т. од село Злетово, пробиштипско, кој се повредил за време на работа во фабрика во Пробиштип. Се работи на расчистување на двата случаи“, се вели во соопштението од СВР-Штип.
Views: 41