Повредена аптекарка

На 23 мај, 14-годишното дете, влегло во аптека на булеварот Крсте Петков Мисирков во Скопје и од вработената побарало да му даде таблети „дијазепам“.

Кога вработената му кажала дека таблетите не се издаваат без лекарски рецепт, тој преминал од другата страна на пултот и ѝ се заканил со нож.

Потоа ја отворил касата и ѝ го одзел целиот дневен промет и повторно побарал од неа да му даде таблети.

Во тој момент оштетената го фатила за рака за да не избега, но детето ја удрило со тврд предмет и ѝ нанело телесна повреда.

Вработената побарала помош од случајни минувачи, кои го совладале и го задржале до доаѓањето на полицијата.

Надлежниот јавен обвинител му предложи на судијата за деца да определи мерка притвор за детето во судир со законот бидејќи постои опасност тој да се даде во бегство и да ја попречува постапката со влијание врз сведоците, како и поради фактот што веќе е евидентиран како сторител и на други кривични дела разбојништво за кои претходно определените мерки за помош и заштита не дале резултат.​​

ЛИНК

Views: 10

Posted in Несреќи при работа.