Како што информираат од СВР Штип настанот се случил во 18.05 на улицата „Маршал Тито“, кога малолетникот кој управувал мопед „априлија“ со струмички регистарски ознаки, удрил во полициски службеник при вршење службена дејност.
– Со тешки телесни повреди се здобил полицискиот службеник, додека со телесни повреди се здобил малолетниот возач на мопедот, констатирани во Клиничка болница Штип. Увид на местото извршила екипа на СВР Штип – се вели во соопштението.
Views: 15