Македонското здружение за заштита при работа, минатата недела организираше студиска посета во Италија, во фабриката Hitachi Rail Italy S.p.A.,фабрика за инжињеринг во железничкиот сообраќај, чии главни производи се дизајн и производство на железнички и возила за јавен превоз. Домаќини на македонската делегација беа: претставник од бордот на директори на компанијата, еден член на градската управа на Неапол и претставник на Стопанската Комора на Италија.
Views: 97