„Ивеко“ тешко повреди градежен работник

На 30.05.2022 во СВР Скопје е пријавено дека во каменолом на регионалниот пат Скопје – ХЕЦ Козјак, во близина на селото Јаболце, општина Сопиште, товарно возило „ивеко карго” кое претходно било паркирано, се придвижило и удрило во возачот З.С.(50) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил З.С., констатирани во комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје. Увид бил извршен од екипа на СВР Скопје.

ЛИНК

Hits: 0

Posted in Несреќи при работа.