Полициско возило за да избегне сообраќајка УДРИЛО во ограда: ИМА ПОВРЕДЕНИ!

Вчера попладне, во 17 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека на бул.„Македонија“, патничко возило „рено меган“, сопственост на МВР, управувано од полициски службеник, при обид да избегне судир со друго возило, изгубило контрола и удрило во ограда помеѓу коловозните ленти.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот, а сопатникот, исто така, вработен во МВР, се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид извршиле Јавен обвинител, увидна екипа од ОВР Берово и полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

ЛИНК

Views: 30

Posted in Несреќи при работа.