Камион паднал во бездна и се запалил на патот Гостивар – Кичево, возачот тешко повреден

Денеска (28 септември) во 12 часот и 15 минути во СВР Тетово пријавено е дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во непосредна близина на Новоселски мост, товарно моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(32) од Скопје, излетало од коловоз, паднало во бездна и се запалило.

Возачот на товарното возило е пренесен во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, каде му се констатирани тешки телесни повреди, а екипи од гостиварската Територијална противпожарна единица го локализирале пожарот на возилото.

ЛИНК

Views: 23

Posted in Несреќи при работа and tagged , .