На 01.12.2022 во 08.40 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „15 Корпус“ во Охрид од товарно возило „ман“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(60) од Охрид, испаднал дел од товарот што го превезувал и удрил врз паркирано патничко возило „шкода ромстер“ со охридски регистарски ознаки, а потоа врз А.К.(39), У.А.(55) и М.Н.(50), сите од Охрид, вработени во јавно претпријатие, кои на локацијата изведувале градежни работи.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Н., а со телесни повреди се здобиле У.А. и А.К., констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.
Views: 15