Изгоре возило на бензинска пумпа во Марино, млад работник повреден

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека околу 19:40 часот на бензинска пумпа во село Марино, општина Илинден, настанал пожар во патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Љ.В.(59) од нас.Илинден.

Имено, според пријавеното, додека вработениот М.К.(20) од с.Јурумлери, скопско, точел плин во возилото, настанал пожар при што тој се здобил со повреди. Од пожарот било оштетено и возило „алфа ромео“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на К.Н.(68) од село Бујковци, скопско.

Пожарот бил изгаснат од вработените, а увид извршила екипа од СВР Скопје.

Изгоре возило на бензинска пумпа во Марино, млад работник повреден

ЛИНК

Hits: 45

Posted in Несреќи при работа.