Се преврте камион во Тетово, возачот повреден

Поладнево камион излета од коловозната лента на автопатот Гостивар – Тетово, ја скрши заштитната ограда и заврши во дворот од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај.

Според првичните информации од тетовската пожарна, возачот е повреден.

Моравме да интервенираме и да го извадиме возачот од кабината на камионот кој беше повреден и однесен во тетовската клиничка болница, информираше Авни Амети, командир на тетовската пожарна.

Во моментот се врши увид од службите на СВР Тетово, а сообраќајот се одвива успорено. Камионот има регистарски ознаки на Црна Гора.

ЛИНК

 

Visits: 89

Posted in Несреќи при работа.