Тешко повредени двајца работници во Скопје

Двајца работници вчера се здобиле со тешки повреди на работните места.

Во 15:10 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со тешка телесна повреда бил донесен Х.З.(47) од Скопје. Според пријавеното, тој со повредата се здобил додека извршувал градежни работи на објект во Влае. Од полициски службеници било излезено и известен бил трудов инспектор.

Во 17:30 часот, пак, во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив бил донесен Р.Х.(30) од Скопје со тешка телесна повреда, со која се здобил додека извршувал работни задачи во фирма на подрачјето на Гази Баба. Од полициски службеници било излезено на местото на настанот и известен бил трудов инспектор.

ЛИНК

Visits: 96

Posted in Несреќи при работа.