Тешко повреден цариник – паднал од камионот што го проверувал

На 15.06.2023 во 19.50 часот во Полициска станица Делчево е пријавено дека во Клиничка болница Штип за укажување на лекарска помош е донесен В.Г.(51) кој, според пријавеното, околу 18.44 часот на Граничен премин „Делчево“ додека извршувал работни задачи како вработен во Царинска испостава Делчево, паднал од висина од кабина на камион кој бил застанат за царинска контрола, при што од лекар му е констатирана тешка телесна повреда. За настанот е запознаен Јавен обвинител.

ЛИНК

Visits: 56

Posted in Несреќи при работа.