Во тетовска Шипковица животите ги загубија двајца градежни работници

Градежни работници на 50 и 63 години ги загубија животите попладнево додека работеле во тетовска Шипковица. Според првичните информации на СВР Тетово настрадале А.А.(63) од тетовско Селце и Џ. Ц.(50) од Република Албанија.

– Денес во 15 часот и 45 минути во СВР Тетово пријавено е дека две лица додека изведувале градежни работи во тетовското село Шипковица, се здобиле со тешки телесни повреди од кои починале. Лекари од Итната медицинска помош констатирале смрт кај нив. Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово вршат увид и се утврдуваат сите поединости поврзани со овој случај, информира Марјан Јосифоски, портпрол на СВР Тетово.

Изворhttps://nezavisen.mk/vo-tetovska-shipkovica-zhivotite-gi-zagubija-dvajca-gradezhni-rabotnici/

Visits: 16

Posted in Несреќи при работа.