Тешко се повреди градежен работник при извршување работни задачи

На 18.07.2023 во СВР Битола било пријавено дека во Клиничка болница Битола со повреди бил донесен Н.Т.(62) од Битола.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување на работни задачи во градежна фирма.

За настанот биле запознаени трудов инспектор и јавен Обвинител, а увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

ЛИНК

Views: 13

Posted in Несреќи при работа.