Детали од несреќата на патот Велес-Извор: Повредени 16 лица меѓу кои и возачите на комбињата

Од Секторот за внатрешни работи Велес вечерва соопштија детали за сообраќајната несреќа што се случила денеска на регионалниот пат Велес-село Извор, во која биле повредени 16 лица, од кои две се пренесени на лекување во Клиничкиот центар во Скопје.

Како што информираат од СВР Велес, денеска во 14:50 часот било пријавено дека на регионалниот пат Велес – село Извор во близина на крстосница за село Војница се случила сообраќајна несреќа во која учествувале товарно возило „Ивеко“ со скопски регистарски ознаки управувано од 57-годишнот Б.Н. од Скопје и комби „Фолксфаген“ со велешки регистарски таблици управувано од 65-годишен О.Ј. од село Побожје, општина Чучер Сандево.

Како што појасни портпаролот на СВР Велес Билјана Ѓаковска, во несреќата со повреди се здобиле возачот на комбито и 13 патници, како и возачот на товарното возило и сопатникот во товарното возило, на кои им била укажана лекарска помош во Општата болница во Велес.

Д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес, претходно за МИА извести дека двајца од повредените  лица се пренесени на лекување на скопските клиники, но се надвор од животна опасност.

Views: 21

Posted in Несреќи при работа.