Струен удар повреди тројца пожарникари во струшко

Струен удар повреди тројца пожарникари додека гаснеле пожар што избил на кров од  куќа во струшкото село Радожда.  Повредените биле пренесени во Општата болница во Струга каде им биле констатирани телесни повреди по што, биле пуштени на домашно лекување,

Веста ја потврди командирот на Територијалната против пожарна единица во Струга, Фети Мазари.

– Пожарникарите се во добра здравствена состојба, а пожарот е целосно изгаснат, изјави Мазари.

Пожарот во близина на струшкото село Радожда, сопственост на А.С. од истото село,
бил пријавен синоќа во 23 часот и 30 минути, по што интервенирале шестмина пожарникари.

Се работи на расчистување на случајот.

ЛИНК

Views: 70

Posted in Несреќи при работа.