Повреден работник на ЈП „Македонија пат“ при извршување работни задачи

Во Здравствен дом Крива Паланка со повреди бил донесен Д.З., на возраст од 49 години. Тоа, според пријавата синоќа во 20.05 часот во ОВР Крива Паланка, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во Јавното претпријатие „Македонија пат“, се појаснува во соопштението.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Крива Паланка.

ЛИНК

Views: 33

Posted in Несреќи при работа.