СОРАБОТКА СО УНИВЕРЗИТЕТОТ “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ – ШТИП

Заеднички проекти, примена на меѓународни искуства, размена на податоци, знаење и искуства се само дел од целите за соработка на Универзитетот  „Гоце Делчев“ со Македонското здружение за заштита при работа. Двете институции денес потпишаа Меморандум за меѓусебна соработка. Ректорот на УГД, проф. д-р Саша Митрев, и претседателот на Македонското здружение за заштита при работа, Милан Пековски, се обврзаа да ги почитуваат стандардите за заштита при работа и меѓусебно да соработуваат на ова поле. Според Меморандумот, двете институции претставуваат организации во кои работењето е насочено кон унапредување на условите за работа, зачувување на здравјето на работната популација, применување на научни пристапи во утврдување на влијанието на работната средина, како и континуирана работа во областа на нивна ефикасна заштита при работа. Во склоп на оваа соработка ќе се користат заемни материјали, ресурси и информации кои им се на располагање на двете страни, а ќе придонесат за реализација на поставените цели.

 

Visits: 83

Posted in Новости.