На 25-ти септември, 2014, во Софија, Бугарија, претставници на МЗЗПР учествуваа на тркалезна маса за создавање на балканска мрежа на невладини организации од областа безбедност и здравје при работа. Настанот го организираше бугарската невладина организација од областа на безбедност и здравје при работа – Фондација „Центар за безбедност и здравје при работа”.
Тркалезната маса беше продолжение на регионалните состаноци одржани во Франкфурт, Германија и Скопје, Македонија.
Покрај МЗЗПР, на тркалезната маса учествуваа: Фондацијата „Центар за безбедност и здравје при работа”, Српското здружение за безбедност и здравје при работа, како и Косовското здружение за заштита при работа, но и специјалните гости од Институцијата за безбедност и здравје при работа (IOSH).
Покрај потврдената заедничка иницијатива и потреба од вмрежување, како резултат на оваа тркалезна маса, Македонското здружение за заштита при работа беше определено како главен координатор на идните активности, вклучувајќи официјално регистрирање на мрежата, кое според планот треба да се случи до крајот на 2014 година.
Мрежата треба да се состои од БЗР невладини организации од Балканот.
Исто така, средбата беше искористена и за потпишување на 3 меморандуми за соработка помеѓу здруженијата од Србија, Косово и Бугарија.
Тркалезната маса беше поздравена и од следниве влијателни организации: Меѓународна организација на трудот (ILO), EU OSHA, ENETOSH и од БЗР организации од Словенија, Албанија, Романија, Хрватска, Црна Гора и Турција.
Views: 89