Претставници на Македонското здружение за заштита при работа денес присуствуваа на конференција организирана од Здржуението за заштита при работа – Битола која се организираше по повод Меѓународниот ден за почит на повредените и загинатите работници.
На настанот зборуваше доц. д-р Иво Кузманов – Секретар на здружението за заштита при работа кој ја презентираше евиденцијата за несреќите при работа во 2014 година. Тој направи анализа на состојбата околу примената на Законот за безбедност и здравје при работа во јавниот и приватниот сектор на општината Битола.
На оваа тема зборуваше и претставник од инспекцијата на труд од подрачната единица Битола. По тоа следеше дискусија за овие теми, но и за проблемите кои се јавуваат со примената на законската регулатива за безбедност и здравје при работа. На крајот беа доделени признанија на истакнати компании од Општина Битола.
Views: 96