Во периодот од 29 – 31 октомври 2015 година во хотел Метропол – Охрид, Р.Македонија, се одржа Меѓународна Конференција за регионална соработка: БОН ТОН во безбедност и здравје при работа – во организација на Машинскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Македонското здружение за заштита при работа, Здружението за безбедност при работа “28 Април“, како иницијатори, и Македонското здружение за лифтови, Универзитетот “Св. Климент Охридски” од Битола, Меѓународен Славјански Универзитет, ПРОГЕНС од Скопје, Здружение за заштита при работа од Црна Гора и Институтот за безбедност и здравје при работа од Велика Британија.
Конференцијата се одржа под покровителство на Министерството за труд и социјална политика и Државниот инспекторат за труд на Р. Македонија. На почетокот на конференцијата се прочитаа писмата за подршка упатени од Претседателот на Р. Македонија г-дин Ѓорѓи Иванов и пратениците на ЕУ Парламент на Р. Словенија. Целта на конференцијата беше преку размена на теоретските и практични искуства да се утврдат насоките на идните истражувања и изградат ефективни практики во динамичниот систем на управување со ризици на работното место. Преку воспоставување на релации помеѓу соодветните институции, да се овозможи континуирана соработка помеѓу сите чинители со цел развивање на култура на превенција во областа на безбедност и здравје при работа.
Views: 89