Градежен работник тешко повреден по пад од скеле

Триесет и седумгодишен градежен работник А.Г. од Јабланица, Босна и Херцеговина, вработен во градежна фирма, од непознати причини паднал од скеле на висина од околу 19 метри додека работел на поставување метално скеле на мост во изградба, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Незгодата се случила вчера околу 12 часот на автопатот во изградба Кичево – Охрид, во близина на село Попоец.

Поради  тешки телесни повреди А.Г.  бил пренесен во Медицинскиот центар Кичево, од каде поради сериозноста на повредите бил префрлен во Ургентниот центар Скопје, но е надвор од животна опасност.

Извор: http://a1on.mk/archives/688620

Visits: 85

Posted in Несреќи при работа.