Работник од Штип се бори за живот на КАРИЛ

Шеесетгодишен градежен работник од Штип се здоби со тешки телесни повреди при пад од скеле при изведување на градежни работи на објект во штипската населба „8 Ноември“.

132352237

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова го потврдува случајот и вели дека се случил околу 11:00 часот, а повеќе детали за несреќниот случај ќе имаат откако ќе заврши истрагата.

Екипа на Итната медицинска помош веднаш му пружила медицинска помош и тој е хоспиталиран на Клиничката болница во Штип, но оттаму велат дека поради сериозните повреди е испратен на КАРИЛ во Скопје, каде што е примен во коматозна состојба со повреди на главата и на градниот кош.

На местото на несреќата увид извршија Основен јавен обвинител од Штип и екипа на СВР-Штип.

http://reporter.mk

Views: 68

Posted in Несреќи при работа.