Повреден работник во ФЗЦ

Вработен во ФЗЦ „11-ти Октомври“ во Куманово се здобил со тешки телесни повреди откако се повредил на работното место.

 Несреќата се случила вчера околу 03.15 часот по полноќ, во новата фабрика, додека А.С.(60)  ги извршувал работните обврскаи. Во еден момент паднал од профил на кој бил качен при што се здобил со тешки телесни повреди. Поради сериозност на повредите истиот е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.

Извори од фабриката кажуваат дека работникот се здобил со повреди по нозете откако врз него паднала цевка.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Извор: http://maxim.mk/strashna-nesrekja-vo-makedonija-rabotnik-itno-prenesen-na-klinika

Visits: 70

Posted in Несреќи при работа.